Мухамед Зеќири доби нови 30 дена притвор
По предлог на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, (ОЈО-ГОКК), Кривичниот суд – Скопје денеска на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири му изрече нови 30 дена притвор, потврдија извори од Судот за МИА.
На Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април. За ова одлука следеше жалба, но таа беше одбиена.
Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер