-->
-->
Мугуруза победник на Вимблдон
-->
Женскиот турнир на Вимблдон мина во доминација на Гарбиње Мугуруза која во финалето 7:5 и 6:0 славеше над Венус Вилијамс. Иако допатува во Лондон како 14-та носителка, без многу проблеми ја победи некогаш најдобрата во светот, Венус Вилијамс.
Венус со своите 37 години успеа да задржи ниво само во првиот сет но на крајот Мугуруза направи брејк и го доби со 7:5. Тоа како да беше знак дека Вилијамс полека се предава.
Во вториот сет, се беше во знакот на Мугуруза. По брза постапка го доби и вториот сет со 6:0 и го запиша своето име со златни букви меѓу освојувачките на најпрестижниот турнир во светот.
За Мугуруза ова е втор голем трофеј. Минатата година таа изненадувачки триумфираше на Ролан Гарос. Сега со игрите на Вимблдон покажа дека тоа не било случајно и се искачи на тронот на Вимблдон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава