Мугабе најави дека ќе се кандидира за претседател и во 2018 година
Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе најави дека има намера да се кандидира за уште еден мандат на изборите во 2018 година, кога ќе има 94 години.
Мугабе кој е роден во февруари 1924 година, со источноафриканска земја управува уште од стекнувањето на нејзината независност во 1980 година.
Најавата за останување на функцијата, Мугабе ја соопшти на годишната конференција на неговата партија Зану.
Тој побрал од членовите на партијата и од нејзините функционери да ги прекинаат „секташките борби“ за тоа кој треба да го наследи.
Подмладокот на Зану партијата доставил официјално барање Мугабе да биде прогласен за доживотен претседател и повеќе да не се органиираат избори за шеф на државата.
За време на обраќањето на Мугабе лојалните младинци извикувале „Владеј и понатаму татко“, што се толкува и како порака до претендентите за неговата функција.
Мугабе уште пред две години им порача на сопартијците да не очекуваат тој да се повлече од функцијата поради старост. Меѓу кандидатите за негова наследник, локалните медиуми од тогаш ја споменуваат неговата сопруга, која е 50 години помлада од претседателот.
Таа е единствената личност во неговото опкружување во која Мугабе има доверба, но на неговата сопруга се гледа и како на решение за спречување внатрепартиската битка, за тоа кој би го наследил остарениот претседател.
Во времето додека беше британска колонија, Зимбабве беше позната како Јужна Родезија. Оваа земја последна стекна независност, дури 20 години по другите држави од подсахарска Африка.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника