Мугабе ќе се сретне со претставници на армијата за да разговара за својата иднина
Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе денеска ќе се состане со високи претставници на армијата за да разговара за неговата иднина, додека во Парламентот расте притисокот за негово разрешување.
Армијата соопшти дека граѓаните ќе ги извести за исходот од разговорите, што е можно побргу.
Во исто време, шефот на опозициската пратеничка група Иносент Гонесе изјави дека Парламентот на Зимбабве „дефинитивно“ ќе започне процес за разрешување на Мугабе.
- Доколку Мугабе не си замине до вторник, тогаш процесот за разрешување ќе биде извесен, како што Сонцето изгрева на исток, рече Гонесе.
Владејачката партија на Зимбабве Африканскиот национален сојуз на Зимбабве - Патриотски фронт, за денеска свика вонредна седница на централниот комитет на која 93 годишниот претседател Роберт Мугабе ќе го отстрани од лидерската позиција.
Според партиски извор на кој се повикуваат светските медиуми, на седницата е предвидено да биде донесена одлука за враќање на потпреседателот Емерсон Мнангагва во партиското раководство. Исто така се очекува и сопругата на Мугабе, Грејс да биде отсранета од функцијата лидер на женската лига на ЗАНУ-ПФ.
Претходно, внукот на Мугабе, Патрик Жувао изјави дека претседателот на Зимбабве и неговата сопруга „се подготвени да умрат за она што е исправно“ и немаат намера да се повлечат за да го оправдаат пучот.
Во телефонски разговор за светски медиуми, од „тајна локација’ во Јужна Африка, тој рекол дека Мугабе едвај спиел откако армијата ја презеде власта во средата, но оти неговото здравје е добро.
Според некои светски медиуми, државната телевизија на Зимбабве објавила дека земјата е „слободна и ослободена“, додека Мугабе, од друга страна, одбива да отстапи од функцијата претседател, и покрај тоа што се наоѓа во куќен притвор.
Ново на Сител
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата
-
Вина „Монтеко“ – Ризница од вкусови со уникатен печат
-
Тешка сообраќајка кај Железничка, со автомобил завршил на бетонските жардињери | ФОТО
-
50 годишна професорка нападната од колега во Виница
-
Зоолошката не треба да биде партиски обоена! | Ѓорги Галетановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 058
-
Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот задржана на 1,75 отсто
-
Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови