Муцунски: Во странство испратени 51 пациент, ќе заминат уште дваесетина повредени од пожарот во Кочани
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска соопшти дека 51 лице од повредените во пожарот во Кочани се испратени на лекување во странство, преку кризниот штаб кој во изминатите 24 часа го кординираше процесот. Дополнително уште дваесетина ќе бидат транспортирани во болници во Австрија, Словенија, Хрватска, Норвешка и во Унгарија.
Тој посочи дека во тој контекст во текот на вчерачниот ден лично остварил телефонска комуникација со министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Холандија, Косово, Малта, Унгарија, Израел, Албанија, БиХ и Словенија како и со Ричард Гренел во име на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп. Дополнително, претседателот на Владата Христијан Мицкоски телефонски разговорал со регионални и светски државници вклучително и со генералниот секетар на НАТО Марк Руте, со претседателите на владите на Хрватска, Бугарија, Белгија, Србија...
- Во сите тие разговори беше изразено длабоко сочувство од страна на нашите пријатели и беше понудена помош во форма на материјално - технички средства, човечки капацитети и медицинска нега за пациентите за кои стручните медицински лица дали и за кого е потребно лекувањето да продолжи во странство. По интензивна комуникација со моите колеги за полаку од 12 часа од несреќата првите пациенти беа на пат кон државите каде што веќе е започнато нивното лекување. Во овој момент вкупно 51 македонски граѓанин е испратен на лекување во следните земји: девет пациенти во Турција, 14 во Бугарија, четворица во Грција, 17 во Србија, четвоприца во Литванија транспортирани со авион обезбеден од Романија, и за сега два пациенти во Унгарија, рече Муцунски.
Тој најави дека денеска ќе бидат испратени и шест пациенти во Австрија, четири во Словенија, четири Хрватска, и уште четири пацинети и во Норвешка и во Унгарија. За давање медицинска помош во земјата веќе се пристигнати медицински тим од Чешка, а во секој момент се очекува пристигнување на медицински тим од Израел и од Белград.
Во секоја земја каде се испратени пациентите, додаде Муцунски, во МНРНТ има определено контакт лице кое е достапно 24 часа за родителите и пациентите за каква било помош или поддршка, а контакт листата е јавно објавена на веб страницата на Министерството.
Тој најави дека ќе предложи од страна на СОЗР да бидат покриени трошоците за пат и престој во странство за членови на семејствата на македонските пациенти што се лекуваат во странство.
Министерот Муцунски посочи дека од наша страна бил активиран и механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што претствува систем за координација на помошта помеѓу сите земји членки на Унијата и други земји од каде се очекува дополнителна помош во наредните денови.
-Упатувам длабока и искрена благодарност до сите земји кои веднаш одговрија на апелите за помош. Солидарноста во исклучително тешки времиња е потврда за сојузноштвото и пријателството што нашата држава го има со голем број земји во светот, рече Муцунски потсетувајќи дека денеска со одлука на Владата е прогласен дел на жалост, знамињата во ДКП се на половина копје, а отворени се и книги на жалост.
Подвлекувајќи ја посветеноста и пожртвувановска на медицинскиот персонал во државата, тој изрази благодарност и за големиот број пораки на сочувство и понудена помош од голем број држави и државници од светот.
-Во оваа прилика сакам да изразам голема благодарност до сите нив за изразите на сочувство и за дадената несебична помош во организацијата на здравствениот транспорт и лекувањето на дел од повредените македонски граѓани, подвлече министерот Муцунски.
Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 150 повредени се згрижени во земјава и странство.
Ново на Сител
-
Финансиска полиција активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите
-
Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно
-
УНИЦЕФ: Најмалку 200 деца се убиени во Газа oткако Израел ја обнови војната оваа недела
-
Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска
-
Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
-
Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани
-
Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата
-
Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро