Муцунски се сретна со нерезидентни амбасадори
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, вчера остварил средба со група нерезидентни амбасадори, акредитирани за нашата земја, со седиште во Софија. На состанокот, како што соопшти Министерството, присуствувале амбасадорите на Мароко, Египет, Кувајт, Монголија, Грузија, Молдавија, Индија, Куба и Пакистан.
На средбата, министерот Муцунски ја истакнал важноста од продлабочување на билатералните врски со овие земји, а била разгледана и можноста од нивно резидентно дипломатско присуство, што би овозможило подиректна и поефикасна комуникација.
Истовремено, министерот Муцунски го нагласил огромниот потенцијал за унапредување на економската соработка со земјите претставени на состанокот.
Фокусот на разговорите, како што е наведено во соопштението, бил на потенцијалот за зголемување на трговската размена, директните инвестиции и економски партнерства во различни сектори.
Во тој контекст, акцентот бил ставен на енергетиката, инфраструктурата, прехранбената индустрија, информатичката технологија и автомобилската индустрија. При тоа, стана збор и за интензивирање на соработката во областите на културата, науката, образованието и туризмот.
Дополнително, била истакната заемната заложба за поблиска соработка на меѓународните форуми, особено при справување со заеднички глобални случувања и предизвици.
-Средбата беше одлична можност за потврдување на важноста од градење на партнерства и постави солидна основа за продлабочена соработка меѓу нашата држава и земјите присутни на состанокот преку нивните амбасадори, соопшти МНР.
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот