Македонија
29. јуни 2017 - 16:41

Му впериле пиштол пред очите на семејството - драма во Куманово

Во 20 часот и 20 минути вчера во Полицијата во Куманово, 26-годишниот Б.Ќ. од селото Слупчане, кумановско, пријавил дека околу 16 часот и 20 минути додека бил заедно со негови роднини пред семејната куќа на О.М. во селото Липково, со патничко возило и комбе дошле О.О., И.О., С.О., Ф.О. и М.О..

Полицијата информира дека од возилото излегол С.О. и без причина го нападнал удирајќи го со тупаница и клоци и го легнал на земја. Во тој момент Ф.О. извадил пиштол и му се заканил на него и на другите присутни дека ќе ги убие, по што со пиштолот го удрил во пределот на главата. Додека бил на земја И.О. со клоци го удирал по телото, по што напаѓачите со возилата заминале во непознат правец.

Од страна на присутните Б.Ќ. бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била укажана лекарска помош.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.