Македонија
3. February 2022 - 16:22

Му дал пари за слаткарска опрема, но опремата не ја добил - измамен гостиварец

На 02.02.2022 во 13.30 часот во СВР Тетово, 31-годишен жител на гостиварско село пријавил дека бил измамен од Б.Х.(58) од Гостивар. Според пријавеното, пред извесно време се договорил од него да купи слаткарска опрема и му ја дал договорената сума, но до пријавувањето опремата сѐ уште не ја добил, а лицето не му се јавувало, соопштија од МВР.

Се расчистува и документира случајот.