МТВ: Џастин Бибер со пет награди
Во Милано синоќа се доделени МТВ наградите, а победник на вечерта беше канадскиот поп пејач, Џастин Бибер кој освои пет награди.
Доделувањето на европските МТВ награди забележа повеќе од 603 милиони гласови на фанови од целиот свет, а меѓу добитниците на наградата се најдоа и Џастин Бибер, Ед Ширан, Ники Миназ, Ван дајрексн (One Direction), Ријана, Меклемор&Рајан Луис, Тејлор Свифт.
Рок хероите Дуран Дуран се наградени со прва награда на МТВ Видео Визионер која се доделува на пионирите во историјата на музчките спотови.
Еден од презентерите беше и најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. Придружуван од неговата сопруга Јелена, Ѓоковиќ прошета по црвениот килим пред почетокот на доделувањето на европските МТВ ЕМА награди.
Српскиот тенисер го соопшти името на добитникот на наградата за најдобар хип-хоп изведувач. Награда припадна на Ники Миназ која не беше таму лично да ја преземе наградата.
Следното доделување на МТВ ЕМА наградите во 2016 година ќе биде одржана во холандскиот град Ротердам.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци