МТСП: Пензиите се стабилни и продолжуваат да растат
Министерството за труд и социјална политика преку фондот на ПИОМ обезбедува и во иднина ќе обезедува редовна исплата, стабилен и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри што покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Оваа Влада, се додава во него, со Закон дефинираше дека пензиите ќе се усогласуваат редовно и тоа два пати во годината. Воведена е, посочуваат од Министерството за труд и социјална политика, законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од четири отсто.
-Со новата законска регулатива се стабилизира пензискиот систем, без притоа да се зголеми старосната граница за пензионирање и без замрзнување на пензиите. Главната цел на овие реформи е спречување на ширењето на дефицитот во Фондот на ПИОМ и негово намалување, истакнуваат од Министерството за труд и социјална политика
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина