МТСП: Исплатени правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика ги исплати сите права од областа на социјална заштита и од детска заштита за март годинава.
Од областа на социјалната заштита се исплатени правата за социјална парична помош, паричен надоместок за помош и нега од друго лице (туѓа нега), цивилна инвалиднина, мобилност и слепило, постојана парична помош, еднократна парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, сместување во згрижувачко семејство, парична помош за студирање, парична помош за згрижувач, социјално домување, азиланти домување, социјална парична помош за азиланти, како и правото за субвенции за електрична енергија.
Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, од областа на правата од детска заштита, пак, се исплатени детски додаток, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, единствен родителски додаток, како и посебниот додаток, што се исплаќа за април годинава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица