Македонија
17. February 2016 - 16:39

Мртво тело пронајдено во охридската населба Далјан

Мртво тело на маж денеска е пронајдено во близина на некогашниот Младински центар во охридската населба Далјан.

Од Секторот за внатрешни работи од Охрид засега не соопштуваат детали, освен дека на местото се спроведуваат полициски активности и се преземаат службени дејствија.

Пред десеттина дена беше пријавено исчезнато лице, поточно 54-годишен охриѓанец пријавил дека на 2 февруари од камп-приколките на Феријалниот сојуз во тој дел од градот во непознат правец се оддалечил неговиот  49-годишен брат.