Мршојадецот Ивек вратен во Тиквеш
Белоглавиот мршојадец кој во средината на октомври залута во центарот на Скопје, e успешно вратен во природа близу Витачево над строгиот природен резерват „Тиквеш“ каде се приклучи на група од уште 17 белоглави мршојадци, соопштија од Македонското еколошко друштво МЕД.
Птицата, бркана од чавки и врани, на 19 октомври влетала во недовршената камбанарија на црквата на улицата Македонија пришто градежните работници го информирале еколошкото друштвото за потоа да биде сместена во Скопската зоолошка градина.
- Белоглавиот мршојадец беше идентификуван благодарение на прстените со кои е обележан (пластичен зелен прстен и алуминиумски орнитолошки прстени од Институтот за орнитологија од Загреб). Македонското еколошко друштво брзо ја достави информацијата за заловениот мршојадец до д-р Сушиќ орнитолог и специјалист за мршојадци од „Грифон“ центарот за заштита на птици грабливки, се наведува во соопштението на МЕД.
Од Загреб добиле информација дека мршојадецит се вика Ивек, испилен оваа година на островот Плавник. Оттаму порачале да се води грижа за него бидејќи, како што навеле, тој е единствениот преживеан млад белоглав мршојадец од оваа година.
Во Македонија популацијата на белоглави мршојадци се проценува на само 14 гнездечки двојки. Нивната бројност е значително намалена и ако не се преземат поинтензивни чекори за нивна заштита и не се спречи користењето на отровни мамки, последните единки од овој вид ќе исчезнат за 15 - 20 години.
- Младите мршојадци најчесто се испилуваат на почетокот на пролетта, а прв пат го напуштаат гнездото доцна на лето. Откако ќе станат сосема самостојни тие истражуваат нови територии низ Европа, па сè до Блискиот Исток. Дури откако ќе постигнат полова зрелост, некаде помеѓу четвртата или петтата година, ќе одберат територија и колонија во која ќе почнат да се гнездат и да се размножуваат.- Останува да се надеваме дека Ивек ќе се врати во Македонија и токму кај нас ќе одлучи да загнезди, велат од МЕД.
Ново на Сител
-
Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски
-
Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска
-
Иран им се заканува на САД и Израел со силна одмазда во случај на напад, навестува можност за договор
-
Четворица убиени во пукотница во Њујорк, напаѓачот исто така е мртов
-
Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово
-
Без струја корисници на улиците „Иван Цанкар“, „Франц Прешерн“ и „Вангел Дину“ во Карпош
-
Во Нови Сад прифатена иницијатива за споменик на жртвите од падот на бетонската настрешница
-
Посвежо време со локални врнежи и максимална температура до 35 степени