МПС реагира на наводите од невладината „Платформа за родова еднаквост“
Во однос на наводите од невладината “Платформа за родова еднаквост” Македонскиот Полициски Синдикат како единствен репрезентативен сидндикат во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, сака да даде појаснување за дел од наводите од од соопштението.
Имено на почетокот сакаме да Ве увериме дека цврсто сме уверени дека нашите членови – полициските службеници имаат изграденo голем професинализам и интегритет во работење и тие во никој случај при своето професионално работење и постапување со граѓаните, не се водени од родовите стереотипи и предрасуди.
Нема да дозволиме како Синдикат, поедини случаи да бидат генарилизирани и на тој начин да се навредуваат и омаловажуваат полициските припадници дека се непрофесинални, неетички а најмалку дека се родово несензибилизирани или во рамките на своите полициски постапувања и овлстувања истите се водени од прерасуди и стереотипи.
Македонскиот полициски синдикат во континуитет работи на заштита на правата на полициските службеници и нивните секојдневни обврски кои истите ги имаат во извршувањето на службените задачи и во никој случај нема да дозволи на ваков начин истите да бидат омаловажени и навредени. Колку за потсетување сведоци сме и свесни сме дека полицаец го загуби животот при интервинарање на пријава за семејно насилство во Куманово што нажалост можеме да констатираме дека на ваков начин докажуваме дека полициските службеници по секоја пријава постапуваат и превземаат мерки со што за жал понекогаш има и трагичен крај.
На крајот Ние како Синдикат ПОТЕНЦИРАМЕ и стоиме цврсто на ставот дека дека нема потреба од дополнителни правни акти во МВР за уредување на санкционирање во случај на семејно насиство, затоа што доколку другите институции надлежни за справување и заштита на жртвите од семејното и родово базираното насиство би биле ,,законски уредени и подредени,, како тоа што е правно и институционално регулирано како во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, тогаш со сигурно би тврделе дека насилниците ќе бидат соодветно санкцинирани.
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ
Ново на Сител
-
Таравари излегува од Владата
-
Крис Павловски: Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
-
Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон