Македонија
24. September 2018 - 16:24

Мотоциклист загина, откако прво удри во пешак, а потоа во автомобил - пешакот повреден

Загина 36 годишен моторциклист а со тешки телесни повреди се здоби пешак во сообраќајна незгода во  Охрид.До несреќата дошло откако Стојанчо Иваноски кој го управувал моторот изгубил контрола најнапред удрил во пешак а потоа и во патничко возило марка фолсваген пасат.Од силината на ударот на лице место починал моторџијата  а лицето кое се движело по улицата било пренесен во болницата Свети Еразмо.

Портпаролот на СВР Охрид Димоски апелира учесниците во сообраќајот особено мотоциклистите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и  условите на патиштата.

.Иваноски моторот го управувал без кацига а дополнителните анализи треба да покажат со колкава брзина се движел и дали поседувал документација за управување.

Инаку сообраќајките во кои учествуваат и  моторциклисти се честа појава ,пред само две недели кај Плетвар загина 20 годишно момче на мотор од Охрид.