Спорт плус
3. јуни 2017 - 16:45

Moто ГП: Вињалес и Роси на првата стартна линија во Муџело

Шпанецот Маверик Вињалес ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Италија, во Муџело. Вињалес, во Муџело, ја избори третата пол позиција во новата сезона.

Тимот на Јамаха ги освои првите две места во пресрет на трката во Муџело. Покрај Вињалес кој ја освои пол позицијата од првиот ред трката ќе ја започнат неговиот колега, миленикот на домашната публика, Валентино Роси, односно Андреа Довициозо на Дукати.

Вториот ред на стартот го формираа Микеле Пиро, Дани Педроса и актуелниот светски првак Марк Мркез.

По пет трки во Мото ГП шампионатот, лидер во генералниот пласман е Вињалес со 85 бодови, втор е Педроса со 68, а трет Роси со 62.

Трката за ГН на Италија на програмата е в недела од 14 часот.