-->
-->
Мото ГП: Лоренцо најбрз во Арагон
-->
Возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо, победи на Големата награда на Арагон, 14-та трка во кралската класа во Мото ГП првенството. Шпанецот на патеката „Моторленд“ ја забележа 60-та победа во кариерата и ја намали предноста на клупскиот колега Валентино Роси во генералниот пласман на 14 бодови.
Трката за Големата награда на Арагон донесе многу возбудувања уште од самиот почеток, Лоренцо на почетокот се проби на челната позиција. Во раната фаза од патеката излета Марк Маркез, што е четврто откажување за актуелниот првак оваа сезона, со кое ги загуби и теоретските шанси за одбрана на титулата.
До крајот Лоренцо со сигурно возење ја сочува првата позиција, додека за второто место голема борба водеа Дани Педроса (Репсол Хонда) и Роси. Шпанецот во последните пет кругови одби неколку напади на Роси, а во претпоследниот круг за малку ќе го исфрлеше од паетката својот ривал.
На крајот победи Лоренцо, а покрај него на победничкиот пиедестал се најдоа Педроса и Роси.
Најдобрите тројца ги следеа возачите на Дукати Андреа Јаноне и Андреа Довициозо, потоа Алеш Еспаргаро и Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда. Најдобрите десет во Арагон ги комплетираа возачите на Јамаха Тех 3, Смит и Еспаргаро, односно Ернандес од Прамак Дукати.
Мото ГП шампионатот ќе продолжи на 11.октомври со трката за Големата награда на Јапонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите