Мостар најтопол град во Европа со измерени 42 степени Целзиусови
Мостар вчера беше најтопол град во Европа, а во 15 часот температурата изнесуваше 42 степени Целзиусови, јавуваат денеска босанските медиуми.
На второ место е црногорскиот главен град Подгорица, каде температурата изнесувала 41,5 степени, на трето место е кипарскиот град Лефконико со 41,1 степен, на четврто Кордоба во Шпанија со измерени 40,6 степени, а на петто Марина ди Џиноза во Италија со температура од 40,1 степени Целзиусови.
Според Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина најниската температура регистрирана во изминатите два дена во Мостар изнесувала 28 степени.
Метеоролозите нагласуваат дека сепак ова се вообичаени температури за Мостар, каде се регистрирани рекордно високи 46,2 степени.
Официјалните мерења се вршат на висина од два метри, при што мерните инструменти не се директно изложени на сонце.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче