Свет
21. August 2017 - 9:04

Москва: Руските сили ликвидираа над 200 џихадисти, кои се движеле кон Деир ал-Зур

Руската борбена авијација ликвидираше над 200 борци од групата „Исламска држава“ за време на нивната предислокација во реонот на сирискиот град Деир ал-Зур, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва, пренесе ТАСС.

Бомбардери и армиска авијација од Воздушно-вселенските сили на Русија во нападот уништо над 20 автомобили, каде се наоѓале џихадисти, вооружени со големокалибарски оружја и минофрлачи, како и блиндирана техника, вклучувајќи тенкови. Повеќе од 200 борци, како и камиони за муниција, се ликвидирани, се наведува во извештајот.

Крај Деир ал-Зур „меѓународните терористи се обидуваат да се регрупираат и да го заштитат својот последен плацдарм во Сирија“, посочува руското министерство.