Свет
6. January 2023 - 11:18

Москва: Почнува 36-часовното примирје

Прекинот на огнот за војниците да го прослават православниот Божиќ официјално започна точно напладне по московско време, тврди руската државна телевизија: „ Денеска напладне на целата борбена линија стапи на сила режимот на прекин на огнот. Тој ќе трае до крајот на 7 јануари”.

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека примирјето е само игра на Путин и дека целта е да се запре напредувањето на украинските сили во Доњецк и поширокиот источен регион Донбас, а за време на примирјето да се внесат повеќе руски војници во Украина.