Москва ја осудува „грубата и недипломатска реторика“ на САД и Британија кон Русија
Официјална Москва денеска ја осуди и ја отфрли, како неприфатлива „грубата и недипломатска реторика“ на амбасадорите на САД и на Велика Британија во ОН, во расправата во Советот за безбедност за Сирија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека грубите напади кон Русија и острата реторика на американскиот и британскиот постојан претставник во ОН, е целосно неприфатлива. Тој предупреди дека тоа може да им наштети на напорите за завршување на петгодишната граѓанска војна во Сирија.
Американскиот амбасадор Саманта Пауер , во дебатата за најновите случувања околу Алепо изјави дека она што сега го прави Русија во Алепо „не е борба со тероризмот, туку варваризам„.
Таа и британскиот амбасадор Метју Рајкрофт ја обвинија Москва за „лажење„ кога станува збор за руското негирање на обвинувањата за учество на Русија во офанзивата на сириската армија против исламистите.
САД, Британија и Франција кои ги подржуваат исламистичките анти-Асад бунтовници ја обвинуваат Русија дека е директно вклучена во сегашните борби.
Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин кој минатата недела имаше остра расправија со Пауер, ги обвини Американците и нивните сојузници дека не се дистанцираат од терористичката група Џабхат Фатах ал Шами, која е тесно поврзана со мрежата на Ал Каеда.
Москва обвинува дека секое примирје во Сирија, терористите го користат за прегрупирање на своите сили, за обнова на оружјето и муницијата, како и за подготовки за нова офанзива.
Ново на Сител
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците