Москва и Киев разменија воени заробеници пред Велигден
Русија и Украина денеска на Велика сабота повторно разменија воени заробеници. Вкупно 246 руски и украински војници се разменети на неодредена локација на границата со Белорусија, соопшти Министерството за одбрана во Москва, пренесува ДПА.
– Дополнително, како гест на добра волја, разменети се 31 ранет воен затвореник за 15 ранети руски војници на кои итно им е потребна медицинска помош, се вели во соопштението.
Во размената посредувале Обединетите Арапски Емирати.
Русија и Украина од почетокот на конфликтот повеќепати разменуваа воени заробеници.
Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, 4.552 украински војници успеале да се вратат дома на овој начин.
На Велики петок, Украина и Русија разменија стотици тела на загинати војници.
Украинската страна презеде 909 тела, според податоците на персоналот одговорен за работи на воени заробеници во Киев. Војниците наводно биле убиени во борбите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје, Суми и Харков. Некои беа донесени од мртовечници во Русија.
За возврат, руската страна ги доби посмртните останки на 41 свој војник.
Размената се одвиваше со посредство на Меѓународниот Црвен крст.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители