-->
-->
Морничаво предупредување на познатиот научник: Неизбежно е да нè погоди метеор од вселената, луѓето мора да ја напуштат Земјата
-->

Д-р Каку предупредува дека човештвото ќе се соочи со изумирање доколку не колонизира друга планета.

"Неизбежно е дека еден ден ќе нè погоди уште еден метеор од вселената и поради тоа нѝ е потребен резервен план", смета професорот.
До 2030 година луѓето ќе имаат населби на Марс, смета тој, и додава дека во релативно скоро време би можеле да ги гледаме нашите внуци како одат на Марс на меден месец.
"Цените драстично паѓаат, па затоа новите идеи ќе станат сè поприфатливи. Дури и милијардерите од Силициумската долина сè повеќе се вклучуваат во играта. Тие вложуваат пари во вселенски бродови за лет на Месечината", истакнал научникот.
Мичио Каку, кој уште како мал во гаражата на својот татко го составил својот прв акцелератор на честички за еден училишен проект, стана една од најпрепознатливите фигури на современата наука.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски во Турција на средба со Ердоган, ќе се потпише политичка декларација за основање Совет за соработка
-
Директор на Културен центар во Охрид ја злоупотребил службената положба и го оштетил буџетот за 46.520 денари
-
Трамп ја отфрли молбата на британскиот премиер за безбедносни гаранции за Украина
-
Пратениците на владејачките партии во РС усвоија закон за забранување на работа на Судот и Обвинителството на БиХ
-
Облачно, магла и повремен дожд
-
Без вода делови од Центар и Карпош
-
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден без струја
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид