Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин
Комитетот за истрага што го води случајот за новодното мешање на Русија во минатогодишните претседателски избори во САД, објави видео каде се „објаснува кој е рускиот претседател Владимир Путин“, а наратор во видеото е познатиот американски актер и режисер Морган Фримен.
- Ние сме нападнати. Ние сме во војна. Поранешниот шпион на Комитетот за државна безбедност на Русија (КГБ), гневен поради пропаста на неговата татковина, подготви начин за одмазда. Користејќи ја предноста на хаотичната состојба, тој си направи пат низ хиерархискиот систем на постсоветска Русија и стана претседател. Воспостави авторитативен режим и ги постави за мета своите најголеми непријатели - САД, наведе Фримен.
Во продолжение, се наведува дека е вистина оти Путин бил шпион на КГБ, исто така и дека е вистина оти тајно, извршувал кибернапади врз демократијата во светот.
- Тој шпион е Владимир Путин и ова не е филмско сценарио. Неопходно е нашиот претседател да ни ја каже вистината, нагласи Фримен, а потоа издекламира текст што би требало Трамп да им го каже на Американците.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација