Македонија
23. January 2018 - 16:17

Морбили регистрирани кај два случаи - заразено и бебе од шест месеци

Морбилите се вратија во Македонија. По отповикувањето на епидемијата на почетокот на декември, годинава се регистрирани 2 нови случаи. Шест месечно бебе од Куманово со компликации од мали сипаници повеќе од една недела е хоспитализирано е на Инфективната клиника. Вториот заразен е 40 годишен маж од Аеродром. Тој имал примено само една доза од МРП вакцината и е на домашно лекување. Двата случаи не се поврзани.

-Детето е со малку потешка клиничка слика со компликации брпонхопневномија и од 16 јануари вирусот е лабораториски потврден, изјави д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ.

Надлежните ги испитуваат сите контакти со заболените. Засега не е познат изворот на заразата, не е исклучена можноста морбилите да се увезени од соседните земји. Епидемиолозите предупредуваат дека поради намалениот опфат на имунизација со МРП вакцината малите сипаници можат да предизвикаат сериозни компликации.

Дека станува збор за сериозно заразно заболување е и информацијата од соседна Србија каде 21 годишна родилка од Ниш починала од компликации од морбили.