Фудбал
5. December 2017 - 8:57

Морати: Сезонава Интер може до титулата

 
 
 
Поранешниот сопственик на италијанскиот фудбалски гигант Интер, Масимо Морати верува дека Интер сезонава може да ја освои титулата во Серија А. 
 
„Интер одигра одлично во дуелот против Киев. Скудето ? Па, Интер секогаш ги започнувал сезоните со цел да победи што поголем број на натпревраи и да го освои пехарот. Овојпат имаат големи шанси за тоа“, изјави Морати кој на кормилото на тимот од Милано беше се до 2016 година, кога мнозински акционер стана компанијата „Сунинг Холдинг Груп“. 
 
Морати воедно имаше пофални зборови за тренерот на „неро-аѕурите“, Лучијано Спалети односно неговата работа со тимот. 
 
„Секој тренер е поинаков, но Спалети е многу добар. Што се однесува до Икарди, сметам дека управата треба да ја подигне откупната клаузула за него на 110 милиони евра“, дополни Морати. 
 
Интер во моментов е на првото место на табелата во Серија А, со еден бод повеќе од второ пласираниот Наполи.