Монструмот од Словенија кој го потресе Балканот: „Јас од затвор ќе излезам, но ти од гроб нема“
Мајката на момчето кое вршело тортура врз познаник и тоа го емитувал на Фејсбук, застанала во одбрана на синот.
такво нешто…
Алеш Оловец, 20 годишен од околината на Кршко, кој заедно со пријателот Мартин Ковач (29), до смрт го претепал и мачел Андреја Цекута (26) и тоа го пренесувал во живо на социјалната мрежа, уште во 2013 на Фејсбук изјавувал дека не му е проблем да убие човек.
„Што е за мене да убијам човек….јас од затворот ќе излезам надвор, но ти од гроб нема“.
Не е јасно на кого се однесувала заканата, пишуваат „Словенске новице“ а само неколку месеци подоцна, повторно некој го изнервирал па напишал:
„Само нека се поигруваат, ќе убијат некого“.
Алеш Оловец, инаку имал три профила на фејсбук, еден под името Алеш Оловец, а можел да биде пронајден и како Алеш Шмук и Алеш Кимберли, кој му припаѓал на неговата девојка.
Неговите закани никој не ги сфаќал сериозно.
Братот на покојниот Андреја изјавил дека не може да сфати зошто Алеш и Мартин ова го направиле. Тој открил дека во понеделникот наутро, во моментот на нападот му заѕвонил телефонот. Го барале напаѓачите, но тој, бидејќи не се сомневал во ништо, не се јавил бидејќи сакал да се наспие, пишува „24ur”.
Се смета дека Алеш и Мартин сакале да му јават дека брат му е тешко повреден или можеби сакале и со него да се пресметаат. За својот брат Андреја изјавил дека бил мирно момче, подготвено да помогне.
Една пријателка на Алеш застанала во негова одбрана изјавувајќи дека Андреј и се додворувал на неговата девојка и го понижувал.
„Пи..а ви матер, како се осмелувате да осудувате луѓе кои не ги познавате. Јас многу добро го познавам и знам дека ова го направи бидејќи му ја заведуваше девојката и постојано го понижуваше. Сега можете да ме мразите, но тој не е лош човек и секој од нас некогаш нешто лошо направил и не морате поради тоа да го осудувате“ – напишала неговата пријателка на што во коментарите и одговориле дека тоа не може да биде оправдување за злосторството.
И мајката на Алеш застанала во одбрана на својот син шокирајќи ја јавноста. Пред телевизиските камери изјавила дека очигледно “некој го налутил“ штом направил такво нешто.
„Тој не би го направил ова без причина.
На прашањето да ги коментира наводите дека Алеш наводно го злоставувал Андреј бидејќи овој лошо зборувал за неа, таа одговорила дека ни она не би дозволила некој лошо да зборува за нејзината мајка и би се борела.
Нападнатиот Андреј Цекут починал после тешките повреди на главата во вторникот во болница во Љубљана. Еден од злоставувачите изјавил дека се кае и дека бил пијан, а другиот се бранел со молчење.
Поради убиството им се заканува и до 15 години затвор иако поголемиот дел од словенечката јавно, особено преку социјалните мрежи, бара доживотна затворска казна.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите