Монструм: Африм ми рече направивме гомнарија, убивме човек
Во судница на денешното судење за Монструм беше пуштен видео запис од исказот кој обвинетиот Хаки Азири го дал како загрозен сведок на 7 мај 2012 година, објавува ФОКУС
Поради лошиот квалитет на снимката, односно звук, судијата го прочита исказот, истакнувајќи дека целта била да се види дали на снимката Азири бил тепан, бидејќи тој сега вели дека тогаш бил приморан да ја даде таа изјава со која опишува дел од петкратното убиство.
Според неговиот тогашен исказ тој ги возел Агим Исмаиловиќ и Алил Демири, по што тие се качиле во возило Опел омега, а потоа требало да ги чека кај обиколницата во 19.20 цасот.
– Тие кај себе немаа оружје, носеа црни капи, но јасно им го видов ликот. Имаа ракавици и на себе носеа црни тренерки. Ги прашав што се случи, а Африм ми одговори: Направивме гомнарија, убивме човек, вози кај тебе дома. Тргнав со автомобилот, возев право, ништо не ги прашав, ниту, пак, тие двајца разговараа“, рекол Азири во својот исказ.
Тој додал дека од медиумите дознал што всушност се случило, а јасно му било се кога полицијата објавила дека дека го бара возилото Опел омега.
– Кога ми стана јасно што се случува имав кошмари, не спиев, ме гризеше совеста, ослабев 20 килограми, на никого ништо не кажав, го чував за себе додека не ме побара полицијата, раскажува Азири на снимката.
Неговиот изказ на 7 мај се поклопува со оној што го дал на 2 мај, а кој исто така беше прочитан во судница.
Обвинетиот Азири пак во денешниот исказ појасни дека овој исказ го дал бидејќи бил физички и писихички малтретиран.
Ново на Сител
-
Нова иницијатива на Макрон: Париз денеска домаќин на уште еден состанок за Украина
-
Си-Ен-Ен: Трамп и задава нов удар на Украина, му дава нов поттик на Путин
-
Бербок: Ниту еден европски војник нема да биде испратен во војната во Украина
-
Утрото променливо облачно и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
-
Состојба на патиштата
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез