-->
-->
Монпелје е новиот ракометен шампион на Европа
-->

Екипата на Монпелје е нов европски ракометен шампион, откако во финалето го победи Нант со 32:26 (16:13).
Францускиот тим на патот до трофејот ги елиминираше Барселона, Фленсбург, ланскиот шампион Вардар и Нант и сосема заслужено се радуваа на успехoт. Монпелје ја освојува европската титула првпат по 2003 година.
Нашиот Кире Лазаров беше најефикасен во Нант со шест постигнати голови, но сепак не успеа да го доведе својот тим до ново изненадување и да стигне до својата втора европска круна во кариерата. За него ова беше четврто финале во Лигата на шампионите и трет пораз.
Со денешните погодоци, капитенот на Mакедонија сега има вкупно 65 на Ф4 турнирите, со што е убедливо прв на таа листа.
Во победничкиот тим Симонет реализира шест пати и беше прогласен за МВП на Ф4, додека Жерар запиша 11 одбрани на голот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ