Фудбал
30. April 2017 - 11:50

Монако повторно на три бода предност од ПСЖ

 
 
Лидерот на табелата во француската фудбалска Лига 1, Монако повторно има три бодови предноста во однос на најголемиот конкурент за шампионскиот трофеј ПСЖ.
 
Фудбалерите на Монако забележаа победа со 3-1 против Тулуз иако гостинскиот тим прв имаше предност.
 
Ова беше еден од шестте натпревари од 34.коло кои се одиграа синоќа. На останатите беа постигнати овие резултати: Бастија – Рен 1-0, Нант – Лориен 1-0, Монпеље – Лил 0-3, Мец – Нанси 2-1 и Гингамп – Сент Етјен 0-2.
 
Покрај дербито меѓу Ница и ПСЖ, кое е закажано во терминот од 21 часот, претходно ќе играат Каен - Олимпик Марсеј и Дижон – Бордо.
 
Табела: Монако 83 бодови (-1 натпревар помалку), ПСЖ 80, Ница 74, Олимпик Лион 57 (-1), Бордо 55, Олимпик Марсеј 52,...