МОН започнува дијалог со компаниите за отворање на барани профили во стручните училишта
Министерството за образование и наука под слоганот „Учи паметно, работи стручно“ започнува дијалог со компаниите за отворање на барани профили во стручните училишта.
МОН започнува процес на консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година. Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Владата и МОН, градоначалниците и компаниите ќе разговараат за дизајнирањето на наставните програми и уписните политики во средните стручни училишта. Силно веруваме дека низ овој социјален дијалог заеднички ќе ги идентификуваме потребите и ќе можеме да одговориме на барањата на компаниите, но и за создавање на стручно образование коешто ќе создава кадар потребен на реалниот сектор.
Министерството за образование и наука веќе спроведе анализа која ни дава јасна слика за постојните профили кои ги нудат училиштата, нивната усогласеност со потребите на компаниите и подготвеноста за соработка на компаниите со средните стручни училишта на локално ниво. Во анализата учествуваа 450 компании од цела држава, од кои дури 85 % се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава, нешто што е многу важно за создавање на стручен и квалитетен кадар.
Првите вакви средби ќе се одржат утре во Свети Николе и Штип. На средбата покрај министерката за образование и наука Мила Царовска, ќе присуствуваат градоначалници, директори од средни стручни училишта, претставници на меѓународни организации и институции и претставници на Стопанските комори и на компаниите.
Овој процес Министерството за образование и наука го реализира во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија.
Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа