МОН: Стипендии за поттикнување средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик
Заради стимулирање на учениците од IV година од средното образование за запишување на студиски програми по македонски јазик, Министерството за образование и наука за студиската 2025/2026 година ќе додели 15 стипендии на редовни студенти запишани студиски програми за изучување на македонскиот јазик во прва година на додипломски студии (прв циклус).
Како што информира МОН, стипендијата е во месечен износ од 6.050 денари за девет месеци во текот на студиската година. Право на стипендија ќе имаат студентите запишани во прва година на додипломски студии кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, студиски програми за изучување на македонскиот јазик и кои ги исполнуваат следните услови: да се редовни студенти; да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании и да се државјани на Република Северна Македонија.
-Критериуми за доделување на стипендиите се: уУспехот во учењето, односно успехот остварен во текот на средното образование, со просек од сите четири години од најмалку многу добар; доколку кандидатот користел стипендија за талентирани ученици од Министерството за образование и наука, добива дополнителен 1 бод за секоја година од користење на стипендијата, наведува Министерството.
Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk во периодот од 1.11.2025 до 15.11.2025 година.
-Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање, сопшти Министерство за образование и наука.
Ново на Сител
-
Подобрена ситуацијата со пожарот во источниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина
-
Украина нареди евакуација на цивили од истокот на земјата, каде што руските трупи напредуваат
-
Волстрит џурнал: Трамп размислува за прекласификација на марихуаната во помалку опасна категорија дрога
-
Зеленски рече дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите
-
Во Нагасаки беше одбележана 80-годишнината од американскиот атомски напад
-
Претседателот на Собранието се очекува да ги распише локалните избори
-
Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август за да преговараат за крај на војната во Украина
-
Сончево и многу топло