МОН ги објави прелиминарните резултати за сместување во ученичките домови
Министерството за образование и наука денеска ги објавени прелиминарните резултати од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2017/2018 година.
Во соопштението се наведува дека сите ученици кои се пријавиле на конкурсот се примени, освен оние кои не доставиле комплетна документација.
- По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од три дена кој се поднесува во Министерството за образование и наука до Комисијата за ученички домови за средни училишта. По завршувањето на рокот за поднесување приговори на 27.07.2017 година, Министерството за образование и наука ќе ја објави конечната листа на примени ученици во јавните ученички домови, се појаснува во соопштението.
Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 28 јули до 4 август или се додека има слободни места, за што контиунирано на веб страницата на Министерството за образование и наука ќе бидат објавувани списоци со примени ученици.
Учениците кои ќе поднесат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7 до 11 август во Министерство за образование и наука, а повеќе информации за документацијата и конкурсот може да најдат на линкот: http://www.mon.gov.mk/index.
Подетални информации за поднесувањето на приговор или конкурсот може да се најдат на фејсбук страницата на МОН, на телефонот: 02/ 3140-147 или на електронската адреса: sefa.sadije@mov.gov.mk
Прелеминарните резултати се објавени на http://mon.gov.mk/index.php/
Ново на Сител
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов
-
Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека