Мон Блан „се стопи“ за еден сантиметар за две години
На изглед Мон Блан останува ист, но сепак, најновите мерења покажуваат дека тој е понизок за еден сантиметар од пред две години, јави дописникот на МИА од Париз.
Според координаторот на експедицијата за мерење во 2017 година, геодетот Никола Корние, последните мерења покажуваат дека „покривот на Европа“ е висок 4808,72 метри.
- Мерењето е извршено вчера наутро во прилично сложени метеоролошки услови, со многу ветер и магла, по искачувањето на Мон Блан на нормален начин, изјави денеска Корние.
Дваесетте членови на експедицијата не успеаја сите да пристигнат до врвот, но техничките уреди беа однесени и монтирани за мерења малку побрзо од вообичаеното, за да си дадеме шанса да се спуштиме од врвот побрзо, објасни тој.
Надморската височина на највисоката точка на Алпите варира со ветрот и врнежите. Колку се посилни врнежите и колку е послаб ветрот, толку е поголем снегот, зголемувајќи го мразот што го покрива карпестиот врв.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море