Момент од експлозијата во Анкара - Бројот на загинати расте!
Експлозијата била предизвикана од бомба постевена во автомобил и активирана во момент кога минувало комбе што превезувало воен персонал, јави Си-Ен-Ен Турк.
Извори од турските безбедносни служби тврдат дека зад нападот стои забранетата Курдската работничка партија (ПКК).
Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АКП), Омер Челик објави на Твитер дека експлозијата одекнала во близина на Парламентот, зградата на Владата и Генералштабот на турската армија и оти тоа е „акт на тероризам“.
Експлозијата се случила во момент на сообраќаен метеж додека луѓе се враќале од работа. Неколку автомобили се запалени.
Тоа е втор терористички напад годинава во Турција, а минатата година беа извршени два големи напада, во кои загинаа 137 луѓе.
12 јануари 2016 – Единаесет германски туристи загинаа, а 16 луѓе се повредени во самоубиствен напад на бомбаш-самоубиец од Сирија во Истанбул.
10 октомври 2015 – 103 луѓе загинаа и повеќе од 500 се повредени во двоен бомбашки напад за време на мирен прокурдски протест во Анкара, најголем во историјата на Турција. Владата ја обвини Исламска држава дека е одговорна за нападот.
20 јули 2015 – 34 луѓе загинаа и над 100 се повредени во самоубситвен бомбашки напад во градот Суруч, во близина на границата со Сирија. Властите ја обвинија ИД дека е одговорна за нападот.
Ново на Сител
-
Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници
-
Претрес во валандовско, пронајдени бела прашкаста материја и шприц
-
Провалиле кај кавадарчанец и украле 10 литра ракија и пари
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал
-
Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
-
Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија