Македонија
28. April 2020 - 14:50

Момчињата кои претепаа девојче во Штип ја признаа вината

Двајцата млади штипјани кои претепаа 22-годишна девојка и се снимаа, на денешното судење во Основниот суд во Штип ја признаа винатата и при тоа рекоа дека многу се каат за стореното дело и јавно ѝ се извинија на оштетената и на граѓаните кои масовно го осудија насилството.

Тие во јануари брутално тепаа девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон којашто снимка беше објавена на социјалните мрежи пред неколку недели. Добија 30-дневен притвор.

Во четврток ќе биде донесена пресуда за овој случај.