Моќна експлозија пред ноќен клуб во Малме
Моќна експлозија одекна рано изутринава пред ноќен клуб во шведскиот град Малме и предизвика голема материјална штета.
Влезот на „Бабел“ клубот е целосно разурнат, и засега нема информации за евентуално повредени лица.
Очевидец на настанот напиша на Твитер дека пред ноќниот клуб одекнала бомба. „Неколку експлозии се слушнаа на местото на настанот“, напиша тој на Твитер.
Областа со часови беше блокирана, откако полицицајци и припадници на единицата за спречување и деактивирање бомби. Експлозијата се слушнала во поголемиот дел од градот.
- Во моментов не знаеме што ја предизвика експлозијата. Знаеме само дека предизвика голема материјална штета, изјави официјален полициски претставник.
Полицијата е во потрага по сведок од настанот кој би ги потврдил тврдењата дека бил забележан маж на мотор, како брзо заминува од пред клубот, непосредно пред експлозијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор