-->
-->
МојДДВ денеска во Дојран
-->
Карванот МојДДВ денеска постави промотивен штанд во Дојран на кој сподели информации со граѓаните и туристите за позитивното искуство од мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ и апликацијата МојДДВ. Штандот во Дојран го посети градоначалникот Анго Ангов кој со граѓаните разговараше за МојДДВ и ги информираше за користа од оваа мерка.
-Задоволство ми е што имам можност да ја поддржам оваа значајна мерка со која првпат државата враќа пари назад кај граѓаните, рече Ангов.
Тој додаде дека од мерката поврат на 15 отсто од ДДВ корист имаат и државата и граѓаните.
-Секој денар вратен назад кај граѓаните е важен и верувам дека секој кој троши сака да добие поврат од ДДВ. Досегашните резултати се успешни. Граѓаните бараат да им бидат издадени фискални сметки кога купуваат. Ги скенираат сметките преку апликацијата МојДДВ, пријавуваат неправилности до надлежните институции, рече Ангов и порача дека сите заедно преку овој процес придонесуваме за намалување на сивата економија, што е од исклучитечна важност и за развој општините, меѓу кои и Дојран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот