Могерини во посета на Приштина
Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини,денеска ќе го посети Косово.
-На приштинскиот аеродром,предвидено е да пристигне во 13 часот. По средбите, заедно со премиерот Иса Мустафа и министерот за интеграции Беким Чолаку, ќе одржат заедничка прес конференција посветена на препораката за визна либерализација за граѓаните на Косово донесена вчера од страна на ЕК,пишува онлајн изданието на приштинскиот весник „Експрес“.
Според агендата предвидена е куса средба на Могерини со спикерот на косовскиот парламент, Кадри Весели, а во 16 часот ќе се обрати пред косовските пратеници.
Токму престојот на Могерини ја врати опозицијата во парламентот. На свечената седница на парламенот присуството најпрво го потврдија пратениците од движењето „Самоопределување“, а подоцна и Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово.
Свечената седница на Парлементот на Косово е посветена на препораката за визна либерализација за граѓаните на таа земја.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Вања е киднапирана и убиена, тврдел таткото
-
Голема полициска акција во струмичко
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
По Берлин Мицкоски поголем оптимист за ЕУ интеграцијата, има дилема дали да испраќа писмо во Брисел
-
ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%
-
ДКСК бара комплетно нов или ревидирање на постојниот Изборен законик
-
Филков: Пензија на 67 години за судиите и обвинителите за поефикасно судство