Могерини: Спроведување на Договорот од Пржино и кредибилни избори се од суштинско значење
Политичките партии во Македонија да работат заедно за создавање услови за веродостојни избори што е во интерес на државата и на граѓаните, повика високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини.
- По последните случувања во ПЈР Македонија, особено во однос на подготовките за предвремените парламентарни избори во јуни, разговарав со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во разговорот што следуваше по неколкуте контакти со комесарот Јоханес Хан и Делегацијата на ЕУ во Скопје, се согласивме дека е неопходно сите политички партии да продолжат да работат заедно за обезбедување кредибилни избори во интерес на државата и на граѓаните, се вели во пишаната изјави на Могерини што ја објави синоќа нејзиниот кабинет.
Таа воедно нагласува дека имплементацијата на Договорот од Пржино и приоритетните реформи остануваат од суштинско значење за земјата.
- Во тој контекст спроведувањето на политичките договори вклучувајќи ги и итните реформски приоритети е од клучно значење. Заедно со САД ги поддржавме сите партии и засегнати страни во овие напори и ќе продолжиме да го правиме тоа и во наредните клучни недели. Ги повикуваме сите партии да останат целосно посветени на договорениот процес, вели Федерика Могерини.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“