Могерини: Резултатот на Макрон е надеж и иднина за нашите генерации
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија Федерика Могерини го поздрави резултатот што независниот центристички кандидат Емануел Макрон го постигна во првиот круг на изборите за претседател на Франција. Тој се квалификуваше за вториот круг што ќе биде одржан на 7 мај.
- Кога ги гледам знамињата на Франција и ЕУ како го поздравуваат резултатот на Макрон, тоа претставува надеж и иднина за нашите генерации, порача Могерини на Твитер.
Според прелиминарните резултати од првиот круг на изборите за претседател на Франција, што беше одржан вчера, проевропски ориентираниот кандидат Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен ќе се натпреваруваат на 7 мај во вториот круг, кога ќе биде избран претседателот на Франција.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава