Могерини: Од Западен Балкан имаме тренд на позитивни вести
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека лидерите на ЕУ денеска на Самитот во Брисел ќе почнат разговори за Западен Балкан и оти на таа тема ќе се навратат на средбата на врвот во јуни.
- Верувам дека ќе имаме добар почеток на разговорите за Западен Балкан. На таа тема ќе се навратиме во јуни. Со позитивниот развој на случувањата и вестите од регионот мислам дека можеме да констатираме тренд и да продолжиме со работата на Европскиот совет во јуни кој би требало да ја потврди јасната европска перспектива на целиот регион, изјави Могерини.
При доаѓањето на самитот во Брисел, таа порача дека на прашањето за Западен Балкн и неговата ЕУ перспектива се работи многу, како во Советот и Европската комисија, така и со партнерите од регионот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори