Могерини и Јахјага го истакнаа значењето на продолжувањето на дијалогот
Високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини и косовската претседателка Атифете Јахјага разговараа денеска во Брисел за актуелната политичка ситуација во Косово, согласувајќи се кога станува збор за значењето на продолжувањето на дијалогот Белград и Приштина и примена на веќе постигнатите договори.
Јахјага оваа недела го завршува петгодишниот мандат како косовска претседателка, а таа и Могерини ги сумираа резултатите од соработката, истакнувајќи го посебно стапувањето во сила на Договорот за стабилизација и асоцијација на 1 април.
Неа на таа позиција ќе ја наследи актуелниот заменик премиер и косовски министер за надворешни работи Хашим Тачи.
Тие разговараа и за потребата од посилна соработка меѓу ЕУ и регионот, за да се излезе на крај со заедничките предизвици, како што се економскиот развој и безбедносната ситуација, вклучувајќи ја и борбата против радикализацијата, се наведува во соопштението на Службата за надворешни работи на ЕУ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња