-->
-->
Могерини и Хан го поздравија потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија
-->
Европската Унија го поздравува потпишувањето на билатералниот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, наведуваат во заедничката изјава високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.
- Овој договор ја покажува одлучноста на двете страни за надминување на билатералните прашања и претставува инспирација за целиот регион. Тој е позитивен чекор напред во добрососедските односи и ја зацврстува ЕУ перспективата на поранешната југословенска Република Македонија во интерес на нејзините граѓани, стои во заедничката изјава на Хан и Могерини
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вести од светот
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог