Могерини: ЕУ има најсилно влијание врз Западен Балкан
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини оцени дека дека Европската Унија има најсилно влијание врз Западен Балкан.
- Не сум загрижна за влијанието или присуството на кој било друг партнер врз земјите од регионот, затоа што се уверив, повеќепати, и во текот на минатата година кога земјите се соочуваа со „сложени изборни циклуси", дека кога ЕУ е присутна со сета своја сила и усогласена, тогаш не постои друг партнер кој има посилно влијание од ЕУ во регионот, изјави Могерини во врска со руската пропаганда во регионот.
Могерини, по состанокот на Советот на министерите за надворешни работи на ЕУ, со кој претседаваше и на кој се осврна на глобалната стратешка комуникација на ЕУ, потсети дека под покровителство на Европската служба за надворешни работи, летово е воспоставен тим задолжен за стратешки комуникации со земјите од регионот.
Таа рече дека се уште е рано да се проценува работата на стратешките комуникации за Западен Балкан, но нагласи дека политиката кон регионот е една од областите на која најактивно се работи во ЕУ.
- Ова е едно од прашањата на кое најмногу работиме и тоа само по себе е дел од нашите стратешки комуникации. Можете да го имате најдобриот технички тим кој се занимава со стратешки комуникации, но, ако немате правилна политика, немате за што да давате информации. На Западен Балкан, имаме силна политика и позиција на ЕУ, и ова е основа за поефикасна комуникација, рече Могерини.
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност оцени дека комуникацијата на Унијата со Западен Балкан е подобрена токму поради тоа што Брисел е јасен кога вели дека иднината на регионот е во ЕУ.
- Ние сакаме и неопходно е Западен Балкан да соработува како регион и да има јасна насока кон ЕУ. Секоја од шесте земји од регионот има свои специфики, фази и чекори, но заедничка е јасната насока во која се движи регионот, нагласува Могерини.
За влијанието на ЕУ, но и за другите надворешни фактори во регионот, Могерини истакна дека Западен Балкан е Европа и дека се граничи со ЕУ од сите страни.
- Ние сме едно, ние сме семејство, географски и историски поврзани. Затоа, во ситуација кога ЕУ е стабилна и посветена и кога нашите партнери се стабилни и координирани, ниедно друго влијание не може да биде појако од тоа, заклучи Могерини.
Ново на Сител
-
Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка