Могерини: ЕУ бара имплеметација на договорите меѓу Косово и Србија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини синоќа повика на целосна имплементација на договорите што во Брисел ги постигнаа Белград и Приштина, нагласувајќи дека тие треба да бидат целосно спроведени за доброто на двете страни.
- Подобрување на косовско-српските односи е неопходно, за двете држави да може да ја продолжат нивната европска перспектива, изјави Могерини на средба со косовскиот претседател Хашим Тачи во Брисел.
Како што јави онлај изданието на приштинскиот весник „Експрес“, Тачи и Могерини разговарале околу последните случувања во односите ЕУ-Косово и за напредокот постигнат последниот месец.
За време на средбата соговорниците се согласиле дека е потребно да продолжи имплеметацијата на Спогодбата за стабилизација и асоциација, прв договор постигнат меѓу Косово и ЕУ, и оти тоа е решавачко бидејќи ќе му помогне на Косово да ја подобри социо-економска состојба.
Могерини и Тачи го поздравиле продолжувањето на мандатот на ЕУЛЕСК од страна на косовскиот Парламент, а разговарале и околу либерализацијата на визите за граѓаните на Косово, која зависи од исполнувањето на условите што и се поставени на Приштина.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва