МОФ: Три четвртини од младите не веруваат дека државните функционери се грижат за нив
Четириесет и шест проценти од средношколците немаат средношколска заедница во нивните училишта и не се вклучени во носењето одлуки на ниво на нивното училиште, а повеќе од три четвртини од младите не веруваат дека државните функционери се грижат за интересите на младите.
Тоа го покажува истражувањето за социјалниот капитал на младите во државава што Младинскиот образовен форум го спроведе во текот на оваа и минатата година, презентирано денеска, на првиот ден од петдневната Младинска академија во Дојран, што се одржува по повод Меѓународниот ден на млади. Нешто повеќе од 70 проценти од младите генерално немаат доверба во опкружувањето околу себе – верувајќи дека речиси сите општествени односи се водени од лични интереси, соопшти МОФ.
На младинската академија има 100 учесници од Скопје, Тетово, Битола, Велес, Куманово, Неготино и Прилеп. Тие се поделени во четири програми: Аргументирано изразување, Институции на Европската унија, Медиумска писменост и Средношколско учество. Ќе учествуваат на низа изборни предавања и треба да дадат придонес во креирање на првата младинска декраларција што подоцна ќе биде презентирана пред институциите на национално ниво.
Младинската академија е дел од низата настани со кој Младински образовен форум го одбележува 20. роденден. Настанот е делумно финансиран од Европската Унија. Академијата е поддржана од Град Скопје, Македонскиот центар за граѓанско образование преку проектот за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието и Американската амбасада.
Ново на Сител
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка
-
По изготвување на Буџетот повисоки плати во образованието и здравството
-
Мицкоски: Нема да дозволам ултиматуми додека јас ја водам македонската Влада
-
Релаксирање на односите со соседите
-
Таравари: Уставниот суд избрза, спремавме Закон за правична застапеност
-
Општините го чекаат последниот ден за доставување на целосни документации за финансирање на проекти со кредитот од Унгарија
-
ЗНМ: Тужби кои се злоупотребуваат за цензура се најголем предизвик за новинарите
-
Почна судењето за двојното убиство на Вања и Панче