МОФ ќе презентира две истражувања за студентскиот стандард
Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска ќе промовира две истражувања за студентскиот стандард: „Анализа на јавни набавки во студентските домови“ и „Крпен студентски живот – истражување за животниот стандард на станарите во ДСД – Скопје“.
Истражувањето „Крпен студентски живот – истражување за животниот стандард на станарите во ДСД – Скопје“ ги адресира прашањата поврзани со корупцијата во студентските домови, начинот на носење одлуки и вклученоста на студентите во истите, како и квалитетот на живот во домовите. Истражувањето „Анализа на јавни набавки во студентските домови“, пак, ги одговара прашањата: колку, во колкава мера и дали се трошат и инвестираат доволно средства од страна на Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје, а во врска со квалитетот на домувањето и квалитетот на услугите за студентите во домовите под капа на Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје.
Проектот „Студентски домови без корупција“ се спроведуваше од август 2018 до јули 2019. Примарната цел на проектот беше поттикнување на институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови, како и вклучување на други институции, организации и правни лица за подобрување на условите во домовите.
Ново на Сител
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ