-->
-->
Модриќ поради вирус ќе го пропушти полуфиналето на шпанскиот Суперкуп
-->
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе го пропушти полуфиналето на шпанскиот Суперкуп против Мајорка, објави денес „Кралскиот клуб“.
-Лука Модриќ нема да може да учествува на денешниот натпревар против Мајорка поради вирусна болест. Ќе ги следиме промените“, се вели во соопштението на мадридскиот клуб.
Натпреварот ќе се одигра вечер од 20 часот на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија.
Прв финалист е Барселона која вчера го победи Атлетик Билбао со 2:0. Головите ги постигнаа играчот од средниот ред Гави и напаѓачот Ламин Јамал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума