Свет
27. February 2021 - 8:23

„Модерна“ почнува со тестирање на вакцините против јужноафриканскиот сој

– Кон средината на март, во САД ќе започнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта, изјави водечкиот епидемиолог во САД Ентони Фаучи.

– Испитувањата од првата фаза ќе започнат наскоро, рече Фаучи на прес-конференцијата што ја одржа тимот на Белата куќа, одговорен за борбата против Ковид.

Засега нема да се проучува „ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста“ на производот, односно неговата способност за предизвика имунолошка реакција, прецизираше Фаучи, додавајќи дека првата фаза ќе се спроведе на мал број луѓе.